Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, од 15 ноември оваа година со 15 март наредната година ќе се применува законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема за моторните возила и работните машини кои учествуваат во сообраќај на пат:
 
Зимски пневматици
Летни пневматици со синџири за снег
КАТЕГОРИЈА НА ВОЗИЛО
"Категорија M1": Возила за превоз на патници со најмногу осум седишта, не вклучувајќи го седиштето на возачот и со максимална маса која не надминува 3.5 t

 

зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 4 mm.

 

пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала
 

"Категорија N1":
Возила за превоз на стоки    чија максимална маса не надминува  3,5 t.t

     

"Категорија M2  и М3": Возила за превоз на патници со повеќе од осум седишта, не вклучувајќи го седиштето на возачот и со максимална маса која надминува 3.5 t

зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од 6 mm.

 

пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од 4 mm, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала
 

"Категорија M2  и М3": Возила за превоз на патници со повеќе од осум седишта, не вклучувајќи го седиштето на возачот и со максимална маса која надминува 3.5 t

 
 
Извор: Правилник за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на замјоделски, односно шумски работи („Сл. весник на Р. Македонија“ бр.31/2010).