„Идентификација” е постапка во која се утврдува истоветноста на возилото и неговите основни технички податоци со помош на приложената документација и/или со проверка на податоците во регистарот на податоци на возила.
Постапката за идентификација на возилата се спроведува во рокови и за возила утврдени со член 24 од Законот за возила. „Оцена на техничката состојба на возилото” е постапка во која визуелно се проверува неговата целосност и способност за безбедно возење во сообраќајот на патиштата, односно за безбедна работа при извршувањето на земјоделски и шумски работи, како и проверка дали возилото не било преправено, односно поправано во согласност со член 19 од Законот за возила.