Технички преглед

Техничката исправност на возилото што учествува во сообраќајот на патиштата се проверува со технички преглед што претставува постапка со којашто правното лице за технички преглед ги утврдува податоците во врска со возилото, неговите системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема, како и исполнувањето на други барања за нив, определени со прописите донесени со законските и подзаконските акти. Техничкиот преглед на возилата се врши согласно со одредбите и прописите донесени врз основа на националните законски и подзаконски акти, како и упатствата на производителот на уредите и опремата што се употребуваат при техничките прегледи.

РЕДОВЕН ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД
се врши заради проверка на техничката исправност на сите моторни возила и приклучни возила и, воедно, претставува предуслов за регистрација на возилото. Периодичниот преглед е детален технички преглед на моторните и приклучните возила врз нивните системи, составни делови и самостојни технички единици, опрема и пропишаните барања во поглед
на заштита на околината.
ПЕРИОДИЧЕН ШЕСТМЕСЕЧЕН ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД
се врши на одредени возила кои се опфатени со законските прописи, а кои, заради карактерот на експлоатација, бараат зачестена контрола на пропишаните системи, составни делови, самостојни технички единици, опрема и пропишаните барања во поглед на животната средина. Шестмесечниот технички преглед на возило не се разликува битно од прегледот кој се врши при периодичен технички преглед, но се дава поголемо внимание на виталните системи на возилото (уред за сопирање, управување, состојба на пневматиците, уредот за поврзување на моторно и приклучно возило и сл.)
РОКОВИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ПЕРИОДИЧЕН ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД
АМД