Меѓународна возачка дозвола

Меѓународна возачка дозвола се издава на граѓани на РМ и странски граѓани кои поседуваат македонска возачка дозвола издадена од страна на овластен орган, на образец пропишан со Прилогот бр.7 од Меѓународната конвенција за сообраќајот на патиштата (Виена – Ноември 1968 година).

За добивање на МВД се приложуваат две фотографии, возачка дозвола, лична карта или пасош.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Потврда од МВР
2 фотографии (45мм х 35мм)
Лична карта или Македонски пасош
Македонска возачка дозвола
ВАЖНОСТ
3 години или до истекот на националната возачка дозвола
АМД