Регистрација на моторно возило

Регистрација на возило се прави поради продолжување на регистрација или регистрација на ново или увезено возило. Барањето за продолжување на регистрацијата може да се направи еден месец пред истекот. Покрај барање за регистрација кое се изготвува на шалтерот во станицата за технички преглед, за возилото потребно е да се има и осигурување од авто одговорност и уплатени давачки во банка или пошта за налепница и јавни патишта. Овие уплатници може да се подигнат на шалтерот во станицата за технички преглед како и осигурувањето кое кај нас го изработува Мобилити Брокер по желба на корисникот во било која компанија од македонскиот осигурителен пазар. По комплетирањето на документацијата корисникот се упатува на преглед за техничка исправност на возилото и кај службеното лице од МВР кое врши продолжување на регистрацијата или изготвува нова сообраќајна дозвола за ново или увезено возило. Ако регистрацијата на возилото не е продолжена повеќе од 1 година потребно е да се променат и регистарските таблици. Потребни документи за изготвување на барањето за регистрација се :
ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РЕГИСТРАЦИЈА
Сообраќајна дозвола од возилото
Лично присуство на сопственикот или друго лице со приложена лична карта од сопственикот. За правни лица присуство на овластено лице.
РЕГИСТРАЦИЈА НА НОВО ВОЗИЛО
Лично присуство на сопственикот. За правни лица присуство на овластено лице.
Фактура за купено возило
Хомологација
Царинска декларација т.е. потврда за платени царински давачки
За товарни возила потешки од 5т потврда за баждареност на тахографот
РЕГИСТРАЦИЈА НА УВЕЗЕНО ВОЗИЛО
Лично присуство на сопственикот. За правни лица присуство на овластено лице.
Странска сообраќајна дозвола преведена од овластен судски прведувач со заверка на нотар
Фактура за купено возило или купопродажен договор за увезеното моторно возило со превод од овластен судски преведувач заверен на нотар
Хомологација
Царинска декларација т.е. потврда за платени царински давачки
За товарни возила потешки од 5т потврда за баждареност на тахографот
АМД